Почитувани,
Сите електронски медиуми заинтересирани за преземање на сигналот за ТВ и радио пренос од Меѓународниот хуманитарен концерт под име "Те сакаме сите" посветен на Тоше Проески, кој ќе се одржи на 5ти Октомври 2008 година, на Градскиот стадион во Скопје, со почеток од 19:30 часот, треба да достават кусо писмено барање на адреса на Македонската радио телевизија како ТВ продуцент и медиумски покровител на настанот за да ги добијат потребните технички податоци за преземање на сигналот од преносот на концертот.
Барањето од страна на електронските медиуми заинтересирани за пренос на концертот, е со цел – идентификација на медиумите кои ќе го преземаат сигналот/ќе го емитуват концертот за својата радио/ТВ публика.
Барањето е потребно да се достави по електронски пат/преку e-mail на следната адреса: mkrtvcor@t-home.mk
Лице за контакт - Гордана Андрашевска,
Координатор за Интернационална и Евровизиска програма
при Македонската Радио Телевизија – МКРТВ, (+ 389 2 55 11 791)
Сите медиуми кои ќе го преземат емитувањето на концертот имаат право на само едно емитување и обврзани се за време на концеротот да не емитуваат рекламни пораки освен пораки кои се во прилог на донаторската активност.
Потсетуваме дека Македонската Радио Телевизија како медиумски покровител и ТВ продуцент на концерот Те сакаме сите, преносот го нуди слободно (free to air), без каква било надокнада, за било кој корисник на територијата на Република Македонија и во светот, преку сателит. Концертот е во организација на Меѓународната Фондација Тоше Проески, под покровителство на Влада на Република Македонија и Министерство за култура на Република Македонија.
Со почит,
Меѓународна Фондација "ТОШЕ ПРОЕСКИ"


