Соопштение за пренос на концертот

Почитувани,

Ве информираме дека ТВ и радио преносот од Меѓународниот хуманитарен концерт под име "Те сакаме сите" посветен на Тоше Проески, кој ќе се одржи на 5ти Октомври 2008 година, со почеток од 19:30 часот, Македонската радио телевизија, како негов ТВ продуцент и медиумски покровител го нуди слободно (free to air), без каква било надокнада, за било кој корисник на територијата на Република Македонија и во светот, преку сателит.

Електронските медиуми заинтересирани за пренос на концертот, дополнително ќе бидат известени за техничките податоци на сателитот од каде ќе може да го преземат сигналот и бесплатно да го користат емитувањето на концерот за свои програмски потреби.

На овој начин, концертот "Те сакаме сите" претставува подарок за граѓаните од светот.

Локацијата на одржување на хуманитарниот концерт е Градскиот стадион во Скопје.

Концертот е во организација на Меѓународната Фондација Тоше Проески, под покровителство на Влада на Република Македонија и Министерство за култура на Република Македонија.


Со почит,
Меѓународна Фондација "ТОШЕ ПРОЕСКИ"